Економија Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Како до модерно земјоделство во Охрид, Струга, Ресен и Дебрца?

Охрид, 25. мај 2023 (ОХРИДПРЕС) – Дознајте ги сите можности кои им стојат на располагање на земјоделците. Грантови, кредити, стручна помош…

Вака организаторите го најавуваат настанот „Како до модерно земјоделство во Охрид, Струга, Ресен и Дебрца?“

– Дознајте за сите достапни грантови, кредити и останата финансиска помош за Вашиот бизнис, стои во поканата.

Настанот ќе се одржи во Касарна Хаб во Охрид, во сабота, на 27-ми мај 2023 година, со почеток во 18:00 часот. Сите заинтересирани дополнителни информации можат да добијат на телефонот 070/206-432. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука