Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Спасовски најави отворен Кабинет за граѓаните во повеќе градови низ државата, меѓу кои и Охрид

Скопје, 26. мај 2023 (ОХРИДПРЕС) – Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски најави отворен Кабинет за граѓаните во повеќе градови низ државата, меѓу кои и Охрид.

Вели дека непосредната комуникација со граѓаните, за секое прашање, за прашање на безбедноста е многу важна.

– Идејата е Кабинетот во одредени денови да го селиме, наместо во Скопје, еден ден ќе биде во Куманово, Струмица, Охрид, Битола, некој друг град. Ќе имаат можност граѓаните, на телефонски број или на маил адреса да закажат можност за средба и да се видат со мене, со директорот, заменикот директор, началниците, за потреби кои тие ги имаат. Ние можеме сите заедно да сведочиме, медиумите, јас како министер и мојот тим, што значи затвореност на институција, а што значи отвореност на институција, вели Спасовски.

Додаде дека комуникацијата со граѓаните е многу важна во насока на јакнење на довербата и секој еден да се чувствува како дел од безбедноста. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука