Спорт

Апсења во Хрватска за местење на натпревари

Загреб, 5. јули 2015 (ОХРИДПРЕС) – Полицијата во Хрватска вчера ги привела Здравко и Зоран Мамиќ, извршен претседател и тренер на фудбалскиот клуб Динамо.

Освен овие двајца биле приведени уште неколку лица во Имотско и околината под сомнение дека учествувале во местење на фудбалски натпревари.

Меѓу приведените имало фудбалски судии и делегати, како и претставници на клубовите.Како што соопштила полицијата не е исклучено наредните денови да има и нови апсења. (Крај)

извор: Спорт ТА фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука