Забава Избор

Zlatina Dimitrova и Pantelis Aspridis во сабота, на 3-ти јуни во клуб Rebel

Охрид, 28. мај 2023 (ОХРИДПРЕС) – Продолжува врвната понуда од клуб Rebel и во текот на јуни, како подготовка за летото и најубавиот период од годината.

Во сабота, покана до сите да бидете дел од специјална забава со супер талентираната Zlatina Dimitrova од Бугарија. Дојдете и уживајте во нејзиниот совршен музички избор, кој ќе ве натера да танцувате цела ноќ.

За ноќта да биде незаборавна ќе се погрижи и одличниот Dj Pantelis Aspridis. Доаѓа од Грција и уште од најрана возраст бил „заразен“ од електронската музика и врвни Dj имиња како John Digweed, Sasha, Hernan Cattaneo и други. Љубовта кон музиката ја преточува во професија и набргу е препознаен по енергичниот underground звук кој варира од deep кон progressive и techno, trippy, melodic и groovy. Многу од неговите сетови биле пуштани на радио станиците: Frisky, Proton, Pioneer Dj radio, Pure Ibiza Radio, Ibiza Club News Radio, RDR Radio Dance Roma, Safehouse, Houseport и многу други, а од 2017 година има и сопствено месечно шоу „Definitions“ на Safehouse радио.

Обезбеден паркинг за сите, а забавата започнува во 23:00 часот. Телефон за дополнителни информации и резервации ++38979230912.

Овој викенд, клуб Rebel повторно е местото каде треба да бидете. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука