В четврток претставата „Енергични луѓе“ повторно пред охриѓани
Охрид, 29. мај 2023 (ОХРИДПРЕС) – Хит претставата „Енергични луѓе“ според авторот Василиј Шукшин, во режија на Александар Ивановски в четврток, 1-ви јуни повторно на репертоарот на охридскиот Народен театар.
Претставата, иако сместена во социјалистичките, 70-ти од минатиот век, е исклучително актуелна, со заплет кој носи урнебесен расплет, кој освен што до солзи ја насмејува публиката праќа и квалитетна порака за одредени општествени моменти кои се на некој начин многу важни.
Играат Горан Стојаноски, Никола Тодороски, Елизабета Стефаноска, Стрезо Стаматовски, Павел Маслов и Марија Стефаноска. Сценографијата и графичкиот дизајн се на Филип Коруновски, а костимите на Невенка Тасева Петровиќ.
Почетокот на претставата е во 20:00 часот. Карти по цена од 200 денари може да се набават на билетарата при Центарот за култура „Григор Прличев”. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука |