Започнува 54-от Балкански фестивал на народни песни и игри
Охрид, 6. јули 2015 (ОХРИДПРЕС) – Ансамблот за народни песни и игри на Македонија „Танец“ на летната сцена „Долни Сарај“ во Охрид вечерва ќе го отвори 54. издание на Балканскиот фестивал на народни песни и игри.
Фестивалот ќе трае до 11-ти јули. За време на фестивалските денови ќе настапат познати ансамбли и културно уметнички друштва од Хрватска, Турција, Полска, Србија, Унгарија, Северен Кипар, Бугарија, Торонто (Канада) и ансамбли од Охрид, Вевчани и село Драмче од Македонија.
Утре настапи ќе имаат ансамблите „Шиљаковина“ од Нова Горица, Хрватска и „Истанбул – Кадикој“ од Турција. На 8 јули ќе настапат ансамблите „Лани“ од Познан, Полска , „Македонка“ од Торонто и „Вила“ од Нови Сад. Следниот ден ќе се претстават КУД ,„Копачка“ од село Драмче и Ансамблот „Бартина“ од Сегзард Унгарија. Во петок ќе настапат ансамблите „Дримкол“ од Вевчани и од Кирениа, Турската Република Северен Кипар и КУД „Гердан” од Охрид. Последната фестивалска вечер е резефвирана за ансамблите „Софија 6“ од Софија и „Отексфолк“ од Охрид.
Фестивалските вечери почнуваат од 21 часот, на сцената Долни Сарај, а влезот е слободен.
Балкански фестивал на народни песни и игри е најстара фолклорна манифестација во регионот. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука |