ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Едно лице загина во тешката сообраќајка на патниот правец Кичево-Охрид

рид, 31. мај 2023 (ОХРИДПРЕС) – Еден загинат и повеќе повредени лица е билансот од тешката сообраќајна несреќа што се случи на патниот правец Охрид-Кичево.

Според полицијата во неа учествувале три возила.

– Се случи сообраќајна несреќа, увидот е во тек, изјави Стефан Димоски портпарол на СВР Охрид за Макфакс.

Според првичните, неофицијални информации, во незгодата е причинета и поголема материјална штета, а во неа учествувале комбе и две патнички возила.

Од СВР Охрид за OhridPress го потврдија настанот и повеќе информации најавуваат за во текот на утрешниот ден.

Патниот правец Кичево-Охрид и понатаму останува црна точка во овој дел на Република Македонија. Бројни загинати лица, голем број повредени и причинета огромна материјална штета е билансот од недовршениот автопат, кој скоро десет години остана само ветување за граѓаните. (Крај)

извор: Макфакс/ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука