Охрид, 03. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Во петок, 6-ти февруари, во клубот Jazz INN во Охрид, ќе се прикажува репризно изданието на новиот материјал на стенд-ап комедија на комичарот Никола Тодороски.
– Сат и кусур пеколен стендап во клубот наменет за такви работи во милата и сакана татковина-JAZZ INN-подрачна единица Охрид. За сите кои го пропуштија настанот во Центарот за култура, материјалот ќе ги прикажуваме репризно, повикува актерот Тодороски.
За загревање на атмосферата ќе се погрижи Зоран Донев.
Билети се во предпродажба во MUSIC SHOP ZZ TOP по цена од 150 денари. Настанот е со почеток во 21 часот. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 32