Струга, 23. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга, во понеделник, на 26-ти јуни 2023 година, со почеток во 20:00 часот ќе се одигра првата професионална претстава на македонски знаковен јазик за возрасни лица со оштетен слух и на говорен македонски јазик „Улаф сте?/Are you crazy?
Претставата ги обработува проблемите на младите и фактот дека населението се иселува од државата. Авто-цензура која е присутна од стравот да се кажат јасно и гласно општествените проблеми. Приказната се раскажува низ призма на глувонемата заедница, во која актерите во име на глувите лица ги раскажуваат сите општествени неправди кон оваа ранлива заедница.
Играат: Наталија Ристеска, Кристијан Танчевски, Марија Стефановска, Маја Андоновска Илијевски, Сандра Грибовска и Никола Пројчевски.
Автор и режија е Јован Ристовски, костимограф Марта Дојчиновска, а толкувач на знаковен јазик е Катерина Шаркоска асс. Елизабета Георгиева. Соработник за знаковен јазик Мартин Ангелов. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива