Скопје, 03. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Професорскиот пленум безрезервно ги поддржа членовите на СОНК, охрабрувајќи ги да продолжат со штрајкот сѐ до постигнување на крајната цел и исполнување на нивните барања.
– Правото на штрајк е уставно загарантирано во Македонија и никој нема право да го спречува, посебно не носителите на јавни функции и претставниците на власта. Затоа, исклучително важно за демократскиот амбиент во државата е членовите на СОНК да бидат јавно поддржани од сите граѓани да истраат во нивната битка за остварување на зацртаните цели и подобрување на условите во кои работат просветните и културните работници, се вели во соопштението од Професорскиот пленум.
Професорскиот пленум ги поддржува и најавените протести организирани од СОНК кои се планираат во текот на оваа недела и ги повикува своите членови да се приклучат кон нив, изразувајќи на овој начин солидарност со своите колеги наставници. (Крај)
извор: ОхридПрес/Нова Тв фото: архива