Њу Орлеанс,03. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Фантастичната серија на Атланта од 19 победи во низа синоќа беше прекината од кошаркарите на Њу Орлеанс откако на домашен терен славеа со 115-100.
До победата пеликаните ги предводеше Ентони Дејвис со 29 поени и 13 скокови, додека најефикасен кај Атланта беше Џеф Тиг со 21 поен.
На останатите средбо беа постигнати следниве резултати:Торонто – Милвоки 75-82 ,Феникс – Мемфис 101-102,Вашингтон – Шарлот 88-92,Бруклин – ЛА клиперс 102-100,Оклахома – Орландо 104-97,Далас – Минесота 100-94 и
Кливленд – Филаделфија 97-84.(Крај)
извор: Спорт ТА фото: НБА
Прочитано: 30