Избор Македонија

Хан во вторник во посета на Македонија

Скопје, 11. јули 2015 (ОХРИДПРЕС) – На 14 јули, вторник, во Скопје повторно ќе пристигне еврокомесарот Јоханес Хан и ќе се обиде да ги спаси преговорите меѓу власта и опозицијата и да го врати во живот договорот од 2 јуни.

Лидерската средба ќе се одржи во 17 часот, откако Хан ќе има поединечни средби со шефовите на партиите ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА.

За Еврпската Комисија нема никаква дилема дека договорот од 2 јуни е важечки. СДСМ пред два дена соопшти дека ги напуштаат преговорите и дека за нив договорот од 2 јуни е веќе неважечки.

– Разговорите меѓу политичките лидери се во еден критичен момент. ЕУ очекува сите од нив да се однесуваат одговорно и конструктивно и да работат итно и со добра волја за решавање на едно отворено прашање. Со оглед на големите предизвици со кои се соочува земјата, нема време за губење. Потсетуваме дека четворицата лидери потпишаа договор на 2­ ри јуни и истиот го потврдија на 19 ­ти јуни. Овој договор е основа за конечниот компромис. Тие мора да ги спроведат обврските што тие ги преземаа. Интересот на земјата мора да е во прв план, изјави портпаролката на ЕК Маја Коцијанчиќ.

Еден ден пред посетата на Хан, во скопје доаѓа и Викторија Нуланд, помошник државниот секретар на САД за Европа и Евроазија. Таа во рамките на балканската турнеја беше и во Дубровник.

В среда во Скопје доаѓа и францускиот министер за европски прашања Арлем Дезир. Тој се очекува да испрати пораки околу грчката криза и влијанието на регионот, но и околу потезите и реформите што треба да ги оствари Македонија. (Крај)

извор: Mkd.mk фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави