Скопје, 03. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Иноватива Груп и Symphonics Entertainment (Бугарија) го најавуваат доаѓањето на култниот америкаснки R’N’B состав од 90-те години, за прв пат во Македонија, Blackstreet.
На 12-ти февруари, четврток, Blackstreet ќе го оддржат својот прв концерт во Скопје, во клубот Станица 26, со почеток во 23:00 часот, од каде Blackstreet ја започнуваат нивната голема, европска турнеја. Пред нивниот настап на бината ќе се појави и Hip Hop и R’N’B артистот Бобо со неговиот бенд од Бугарија, како и одличниот софијски вокал Misscher.
Blackstreet е американска R’N’B и Soul група формирана во Њујорк, САД. Тие се појавуваат на сцената во 1991 година. Во 1993 година, групата го издава нивниот деби албум “Blackstreet“. Синглот “Before I Let You Go“ беше помеѓу првите 10 хитови на Американската Билборд листа со што придобиваат голем број обожаватели во САД. Blackstreet ги следи повторно голем успех со нивниот втор албум “Another Level“. Овој албум го надминува успехот на првиот и се пласира на третото место на Американската Билборд листа. Во голема мера успехот се должи на големиот хит сингл, “No Diggity“ која е изработена во соработка со Dr. Dre. Оваа песна, која сега се смета за Рап класика и доби Греми награда, ги поставува Blackstreet на највисокото скалило во R’N’B светот. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива