Во Охрид отворен почесен конзулат на Словенија
Охрид, 12. јули 2015 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид синоќа беше отворен почесниот конзулат наРепублика Словенија во Република Македонија.
Со неговото отворање, како што беше нагласено, ќе се подобри соработката меѓу Република Македонија и Република Словенија на сите нивоа, економско, политичко и културно, но и ќе се промовира туризмот.
На свеченоста по повод отворањето присуствуваа министерот за внатрешни работи Митко Чавков, заменик-министерката за надворешни работи Драгана Кипријаноска, словенечкиот амбасадор во Македонија Брано Раковац, почесниот конул во Охрид Шенол Ислам, како и претставници на дипломатскиот кор во државава.
– Република Македонија цврсто стои на своите определби, а тоа европско и евроатланско интегрирање. Македонија е подготвена за што поскоро приклучување кон евроатланскаите процеси. Во таа насока ја поздравуваме политиката на отворени врати на Европската унија и НАТО за кои Република Словенија цврсто се залага. Огромна е благодарноста што Словенијата постојано, конзистентно ги поддржува нашите ставови и аспирации за што поскоро приклучување кон евроатланското семејство, рече Кипријаноска.
Почесниот конзул на Република Словенија во Охрид Шенол Ислам рече дека со Словенците делиме заедничка историја и соработуваме во сите области, бизнисот, културата, политиката.
– Во Словенија имаме голем и искрен пријател, поддржувач на нашите напори за прибилижување кон Европската унија, како рамноправна земја членка на европското семејство. Конзулатот многукратно ќе придонесе во подобрување на соработката на сите нивоа, економско, политичко и културно, а ќе помогне при промоцијата на таа соработка во цела западна Македонија. Интерес ќе биде туризмот кој претставува голем двигател на современите економии, преку кој ќе се овозможи промовирање на културните вредности и природните богатства на двете земји, истакна Шенол.
Словенечкиот министер за надворешни работи Карил Ријавец синоќа не присуствуваше на отворањето на конзулатот во Охрид заради професионални, но неговото писмо го прочита амбасадорот на Словенија во Македонија Бранко Раковац.
– Словенија и Македонија во изминатите години успеаја да изградат пријателски односи кои се базираат на меѓусебното почитување и доверба. Позитивниот равзој на односите меѓу нашите држави сакаме и понатаму да продолжи, бидејќи Македониај е наш важен политички и економски партнер. Убеден сум дека новиот почесен козул успешно ќе ги јакне и проширува контактите меѓу двете пријателски земји и значајно ќе придоне се за зајакнуавање на меѓукултурните, меѓучовечките и економските врски меѓу Словенија и Македонија, вели во писмото Ријавец.
Една година по стекнувањето независност на двете држави, во 1992 година беа воспоставени дипломатските односи помеѓу Република Македонија и Република Словенија(Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука |