Охрид, 3. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Дебарско-кичевската епархија ги известува православните верници дека утре во манастирот „Свети Климент и Пантелејмон“, Плаошник, Охрид, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот на „Свети апостол Тимотеј“.
Со литургијата која ќе започне во 09:00 часот ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 40