Економија Избор Охрид

Предавање за сензори во хирургијата на Универзитетот „Апостол Павле“

Охрид, 13. јули 2015 (ОХРИДПРЕС) – Македонецот Виктор Груев кој работи како професор на Универзитетот „Вашингтон“ во Сент Луис во Мисури денеска на охридскиот Универзитет „Апостол Павле“ ќе одржи предавање на тема „Инспирација од природата за сензори во хирургијата“.

Груев е изумител на специјално дизајнирани очила со кои хирурзите за време на операциите можат да ги видат клетките на туморот.

Професорот Груев ќе зборува за два типа на сензори чиј дизајн е заснован врз визуелни системи на животни и нивната примена во неврологијата и онкологијата.(Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука