Економија Избор

Охрид промовиран во списанието на „Визер“

Охрид, 14. јули 2015 (ОХРИДПРЕС) – Во тиражниот магазин на „Визер“ за месец јуни/јули 2015 година, кој се дистрибуира во сите авиони на „Визер“ кои летаа ширум светот, е објавена репортажа за Охрид.

Ова следува после воведувањето на двете нови линии од Охрид кон Лондон и Базел, каде како обврска на авио превозникот е да го промовира и рекламира градот.

Репортажата за Охрид во магазинот на „Визер“ ќе имаат можност да ја видат околу 3 милиони читатели кои непосредно ќе се запознаат со туристичките потенцијали на Охрид.

Ваква репортажа за Охрид ќе биде објавена и во наредното издание на „Визер“ магазинот за август/септември 2015 година. (Крај)

извор: ohrid.gov.mk фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави