Скопје, 3. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Црвениот крст на Р. Македонија објави Жиро сметка на Фонд на солидарност за лицата кои живеат во поплавените подрачја.
Граѓаните ќе можат да донираат средства.
Црвен Крст на Република Македонија:
Жиро сметка на Фонд на солидарност 300000001327966 ДБ 4030984271620 – Комерцијална банка
Може да се донира и преку мобилната мрежа. Цената на повик е 100 денари со повикување на телефоните:
075/070/077 143 400
Црвениот крст на Република Македонија преку Општинските организации на Црвен крст испрати тимови за проценка за потребите од хуманитарна помош за настраданото население.
Обилните врнежи што ја зафатија Република Македонија во изминатиов период доведоа до излевање на реките од речните корита. Најпогодени општини во Република Македонија се: Куманово, Штип, Струмица, и Кочани, Прилеп (Кривогаштани) и Битола. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива