Забава Избор

Утре традиционален концерт на Четкар во Тераса Аквариус

Охрид, 16. јули 2015 (ОХРИДПРЕС) – На големо задоволство на охридската публика, утре во Охрид ќе се одржи традиционалниот концерт на Владимир Василевски Четкар.

Четкар на концертот ќе биде придружуван од двајца музичари.

Настап ќе има Владимир Четкар Трио: Владимир Четкар – гитара, вокал, композиции, Дионис Стратров – електричен бас и Виктор Филиповски – тапани.

Со овој концерт ќе биде прославен роденденот на Тераса Аквариус, каде музиката ќе го има главниот збор, а посетителите ќе уживаат во атмосферата, добриот амбиент и забавата. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука