Спорт Струга

Турнир во мал фудбал „Лабуништа 2015“

Струга, 17. јули 2015 (ОХРИДПРЕС) – На 25-ти јули во Лабуништа ќе се организира традиционалниот Турнир во мал фудбал.

Сите здруженија фирми, правни субјекти и приватни лица имаат можност да го спонзорираат овогодишниот турнир со што воедно го помагаат и Фудбалскиот клуб Лабуништа 2011.

Минимално учество за спозорство изнесува 2.000 денари со своја реклама и 3.000 денари со изработка на реклама од организаторот.

Сите средства ќе бидат наменети за активностите на ФК Лабуништа 2011.

Турнирот започнува на 25-ти јули, а секоја екипа ќе брои најмногу 10 играчи. За учество на овој турнир екипата треба да улати 5.000 денари.

Пријавувањето на екипите е најдоцна до 24-ти јули.

За најдобрите екипи ќе следуваат богати награди:

1. Место 1.000 евра
2. Место 500 евра
3. Место 300 евра

извор: Спектра фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави