По 29-ти пат во Охрид ќе се одржи Меѓународниот атлетски маратон
Охрид, 17. јули 2015 (ОХРИДПРЕС) – Традиционалниот Меѓународен атлетски маратон Охрид 2015 ќе се одржи на 8-ми септември, Денот на независноста на Република Македонија.
Годинава ќе се одржи 29-тото маратонско издание, а пријавувањето веќе започна.
По повод 8-ми Септември Денот на државноста, лани по 28-ми пат успешно се организара традиционалниот Интернационален Атлетски Маратон Охрид 2014.
На минатогодишниот атлетски маратон учествуваа 80 натпреварувачи од седум земји од кои 66 натпреварувачи во машка и 14 натпреварувачки во женска конкуренција. Прв делницата од Св. Наум од Охрид ја помина Унгарецот Лајош Берец со време од 1.42.28, додека првопласирана кај дамите заврши Ана Суботиќ со време 2.03.54.
Рекордите во машка и женска конкуренција останаа непроменети. Сопственик на рекордот во машка конкуренција од 1993 година е маратонецот Борислав Девиќ од Србија кој делницата од Св. Наум до Охрид ја има минато со време од 1.39.13, додека во женска конкуренција е Ана Суботиќ која го истрча маратонот со време од 1.55.23 во 2010-та година. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука |