Почнува кампањата „Ние сме Европа“, опфатен и Охрид, ќе се дебатира на тема туризам
Скопје/Охрид, 30. август 2023 (ОХРИДПРЕС) – Вечерва од 19:00 часот, на плоштадот Јадран во Скопје, ќе се одржи првата отворена трибина во рамки на кампањата „Ние сме Европа, на тема: „ЕУ за македонската економија”, на која обраќање ќе има претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски.
Во рамки на напорите на Владата за исполнување на стратешката цел – полноправно членство во Европската Унија, Секретаријатот за европски прашања организира серија настани во повеќе општини низ државата, со цел да спроведе информативен караван на настани под мотото „Саем на европски вредности“. Во рамки на караванот ќе се презентираат можностите и придобивките од преговорите кои ги нуди членството во ЕУ.
Караванот на кампањата ќе опфати осум градови со повеќе теми и тоа Скопје каде темата ќе биде економија, Струмица – труд и социјална политика, Прилеп – земјоделие, Битола – култура, Охрид – туризам, животна средина, Тетово – млади, Штип – инфраструктура и Куманово – енергетика. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука |