Избор Култура

Утре започнува „На зајдисонце“ 2015-та во Трпејца

Охрид, 19. јули 2015 (ОХРИДПРЕС) – Од утре до 28-ми јули во охридското село Трпејца по четврти пат ќе се одржи  културно-забавната манифестација „На зајдисонце“ 2015-та година.

На летната сцена „Кај бунарот“, во 20:30 часот ќе биде отворенa ликовна изложба на дела од академскиот уметник – графичар Павел Целкоски, чии родители потекнуваат од Трпејца.

Помеѓу другите активности, традиционално „На зајдисонце“ и годинава ќе настапи ансамблот „Билјана“ од Охрид, а ќе се одржат и Школите за пливање, шах, цртање и англиски јазик. Пред посетителите ќе биде прикажан документарниот филм „Тајните на Охридското Езеро“, а ќе биде промовиран и романот „Митуш“.

Организатор на манифестацијата е Здружението „За Трпејца со љубов“, со поддршка на Месната заедница и Црковниот одбор. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука