Охрид, 4. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – На планините во западните делови, во текот на целиот ден ќе има врнежи од снег и снежната покривката ќе се зголеми.
Висината на снежната покривка измерена утрово во 07:00 часот во Охрид изнесувала 7 сантиметри.
Врнежите од дожд, пак кои продолжија утрово, на места го растопија снегот.
Минималната температура во Охрид утрово во 7 часот беше 0 степени.
Нов поинтензивен влажен бран со врнежи претежно од дожд во Охрид се очекуваат утре во текот на ноќта кон петок и во петок претпладне. (Крај)
извор: ОхридПрес/Метео фото: архива
Прочитано: 28