Македонија Охрид

Рилковски: Има простор да се подобри работата на Државната Изборна Комисија

Скопје, 21. јули 2015 (ОХРИДПРЕС) – Првиот човек на ДИК, Никола Рилковски, смета дека има простор да се подобри работата на Комисијата со цел таа да стане поефикасна.

Според него, намерата на ЕУ во неа да седнат професионалци е добра, но тешко дека ќе се реализира.

– Кај нас тешко дека ќе најдете луѓе што не се поврзани со некоја политичка партија, можеби не директно, но поврзаност секако дека ќе има. Прашањата што ќе бидат опфатени во разговорите со ЕУ ќе биде Избирачкиот список, односно вкупниот број запишани гласачи, но и гласањето на дијаспората, вели Рилковски.

Претседателот на ДИК нагласува дека се чувствува подготвен да застане на чело на комисијата и во новиот мандат и дека не треба да се прават големи промени во составот, бидејќи до изборите има малку време. (Крај)

извор: Телеграф.мк фото: vesti.mk

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави