Здравје

Недоволното спиење и нарушениот сон доведуваат до поголем процент за појава на канцер

Лондон, 21. јули 2015 (ОХРИДПРЕС) – Придобивките за здравјето од редовниот сон се познати, но неодамна научници открија каква штета може да го предизвика недоволното време кое го поминуваме во спиење.

Според истражувањето објавено во списанието “Current Biology“, неправилното спиење доведува до рак, пренесува БиБиСи.

Истражувањето покажува дека жените кои имаат случаи на рак на дојка во семејството не треба да работат на смени. Според податоците, исто така оние луѓе кои имаат нарушен сон се со 20% поголема телесна тежина од другите, независно со што се хранат и колкаво количество на храна внесуваат. (Крај)

извор: “Current Biology“ фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука