Охрид

Охридското социјално друштво „Свети Наум Охридски“ ќе добие повелба од претседателот Иванов

Охрид, 21.јули 2015 (ОХРИДПРЕС) – Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денеска ќе го додели признанието „Повелба на Република Македонија ” на пет македонски организации од дијаспората во Француската Република, Кралството Шведска, Австралија и Канада.

Помеѓу добитниците на ваквото признание се најде и Охридското социјално друштво „Свети Наум Охридски“ од Мелбурн, Австралија.

Ова друштво досега има организирано бројни акции преку кои од дијаспората обезбдеува средства и донации за родната Македонија. На почетокот од месецов друштвото организира хуманитарен бал а собраните средства ќе бидат наменети за геријатриското одделение во Општата болница во Охрид.Освен тоа, ја промовира и историјата и културата на Македонскиот народ.

Признанието „Повелба на Република Македонија” се доделува за особени заслуги и за достигнувања на организациите во насока на зачувување и на афирмирање на македонските историски, културни и духовни традиции и вредности, како и за придонес кон унапредување на пријателските односи и соработката со повеќе држави во светот. (Крај)

извор:ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука