Охрид

Охридска иселеничка средба годинава по 4-ти пат

Охрид, 21. јули 2015 (ОХРИДПРЕС) – Традиционалната културно-уметничка и фолк манифестација Охридска иселеничка средба, годинава ќе се одржи по 4-ти пат.

Средбата ќе се одржи во четврток, 30-ти јули, во хотелот Престол во Охрид.

На оваа традиционална средба, ќе се сретнат иселениците од Охрид и охридско, кои во определен период од годинава се враќаат во родниот град. За музичкиот дел ќе бидат задолжени повеќе македонски фолк естрадни имиња: Јордан Митев, Група Маестрал, Татјана Стојановска и други.

Почетокот ќе биде во 21 часот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука