Охрид

Се уредува градската плажа Сараиште

Охрид,21,јули 2015 (ОХРИДПРЕС) – По барање на жителите од месната заедница Стар град, деновиве интензивно се уредува месноста Сараиште.

По претходно расчистување на просторот од пловните објекти, делот од плажата наменет за сончање ќе добие нов песок а ќе бидат поставени и канти за отпадоци и клупи за седење. Теренот веќе се подготвува и се поставуваат инсталации за тушеви и соблекувални.

Од година во година плажата Сараиште привлекува бројни посетители и капачи пред се мештани и охриѓани од останатите градски населби кои уживаат во езерското синило и сончевите зраци. Токму поради тоа според најавите се очекува за наредната туристичка сезона оваа единствена градска плажа да биде и проширена.

Претходно на просторот кај Сараиште наменет за спортување општината постави рефлектори и кош. (Крај)

извор:ОхридПрес фото:архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука