Избор Охрид навечер

Забави со дј-и секој ден во Кадмо бар

Охрид, 21. јули 2015 (ОХРИДПРЕС) – Од вечерва до сабота, посетителите и гостите на објектот на Кадмо кафе бар во стариот дел на Охрид, ќе имаат можност да се забавуваат на одредени тематски забави со дј-и.

Вечерва во духот на летото, во Кадмо Бар со свој дј-ски сет ќе се претстави ДЈ Јане во забавата насловена summer vibes.

Утре, 22-ри јули, среда, следува хип-хоп и r’n’b забава со ДЈ Тони.

Во четврток, 23-ти јули, ДЈ Јане уште еднаш ќе ја забавува публиката со забава summer vibes, со нова музика, идеална за летните вечери.

За љубителите на хип-хоп и r’n’b музиката, и во петок, 24-ти јули музика ќе пушта ДЈ Тони.

Додека во сабота, 25-ти јули, посетителите во Кадмо кафе бар ќе уживаат во нови траки кои ќе ги спои во дј-ски сет ДЈ Јане во забавата насловена House Session. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

kadmo

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука