Избор Охрид

Утрово се прскаше против комарци во Охрид и Дебрца

Охрид, 22. јули 2015 (ОХРИДПРЕС) – Утрово на подрачјето на општина Охрид и Дебрца се спроведе авионска адултна дезинсекција против комарци.

Авионската адултна дезинсекција се изврши од 5 до 8 часот, а на територијата на општина Охрид со дезинсекцијата беше опфатен потегот од Прентов мост до вливот во Охридското Езеро по течението на Коселска Река.

Во градското подрачје се прскаше во зона на Касарната и Дебело поле како и во населбите Воска и Далјан.

На територијата на општина Дебрца се спроведе дезинсекција во атарите на селата Мешеишта, Волино и Требеништап по течението на реката Сатеска, како и во зона на селата Белчишта и Велмеј по течението на Голема река. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука