Македонија

Се работи на расчистување на вчерашното убиство во Куманово

Куманово, 24. јуил 2015 (ОХРИДПРЕС) – Надлежен обвинител издаде наредби за вршење обдукција, за вештачење на оружјето, на видео записи и траги од местото на убиството што се случи вчера попладне во кумановската населба Бедиње.

Во инцидентот беше убиен Џемаил Реџепи, командант Шипоња, а уште две други лица беа повредени. Според првичните информации, станува збор за политичка пресметка на припадници на владејачката партија ДУИ.

За убиството две лица се приведени, а неколкумина се повикани на информативен разговор.

Обвинителството продолжува со расветлување на настанот. (Крај)

извор: Макфакс фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука