Избор Охрид

Презентиран нацрт-извештајот за состојбата со колекторскиот систем

Охрид, 24.јули 2015 (ОХРИДПРЕС) – Денеска во Охрид беше презентиран нацрт- финалниот извештај за состојбата во која се наоѓа колекторскиот систем, како и мерките кои се предлагаат за негова реконструкција.

Овој документ го изработија јапонски експертски тимови, како и стручни лица од локалната самоуправа и јавните претпријатија Проаква и Нискоградба и експерти од министерството за екологија.

Она што покажале и извршените испитувања е дека колекторскиот систем кој е изграден пред неколку децении е деградиран, оштетен и итно е потребна негова надоградба, реконструкција и ревитализација.

– Во изминатите месеци експертите утврдија дека најголемиот проблем на колекторскиот систем е неидентификуваната инфилтрација на вода во ситемот кој што предизвикува негово накнадно оптеретување, што како последица има излевање на нетретирани води во Охридското езеро што е сериозен проблем, велат од општината.

Оттаму додаваат дека реконструкцијата на колектроскиот систем е еден од приторитетите на локалната власт. (Крај)

извор:ОхридПрес фото:ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука