Забава Избор

Нова серија преноси во живо со Супер радио од Кадмо бар

Охрид, 24. јули 2015 (ОХРИДПРЕС) – По кратка пауза, повторно стануваат актуелни преносите во живо што ги прави тимот на Супер радио од објектот на Кадмо бар.

Од почетокот на неделава започна новиот серијал на забави.

kadmoprenos1

По неколку пати неделно, оваа летна сезона охриѓани ќе се дружат повторно со најдобрата музика, тимот на Супер радио во пријатниот амбиент во Кадмо кафе бар. Понуда од најразлични пијалоци, многу гости од културниот, забавниот и општествениот живот ќе бидат дел од дневните забави, кои ќе се пренесуваат во живо на 97 ФМ од 14 до 15 часот.

kadmoprenos2

Тимот на Супер радио, водителката Александра Алексијевска и ДЈ Реџи Рулс ќе се погрижат за забавата, а ќе биде презентирана и комплетната музичка програма за тековната недела во сите објекти на Кадмо. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука