Ласана Дијара ќе настапува за Олимпик Марсеј
Марсеј, 25. јули 2015 (ОХРИДПРЕС) – Управата на Олимпик Марсеј птврди дека потпиша четиригодишен договор со поранешниот француски репрезентативец Ласана Дијара.
Диара е без клуб откако го напушти рускиот Локомотив Москва и по повеќемесечна потрага по клуб сега тоа му успеа откако се договори за повеќегодишна соработка со Марсеј.
Иако французинот долго време не играше фудбал тој секојдневно тренирал со персонален тренер за подобрување на физичката подготвеност. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука |