Избор Хроника

Босански и српски граѓани ограбиле туристи во хотел во Охрид

Охрид, 27. јули 2015 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 38-годишниот босански државјанин Д.Л., како и против В.Р. (65) и Р.С. (51) српски државјани поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „кражба“.

На 22-ри овој месец, во периодот од 00:30 до 03:00 часот во Охрид на улицата „Петар Чаулев“ во хотел „Ди Анголо“, пријавените извршиле две кражби во соби на фински и американски државјани.

Престапниците одзеле девизни средства, денари, мобилни телефони, камери и други предмети со што се стекнале со противправна имотна корист од околу 47.000 денари. На пријавените им е одредена мерка притвор во траење од осум дена. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави