Забава Избор

Њујорчанецот Falzone и охридски дј-и на Плажа Оревче на 1-ви август

Охрид, 28. јули 2015 (ОХРИДПРЕС) – Празничниот викенд во Охрид ќе биде исполнет со уште една најава за добра забава, која ќе се случува на Плажата Оревче во Охрид.

На 1-ви август на плажата ќе гостува еден од милениците на охридската клубска публика, њујоршкиот дј и продуцент Jason Falzone.

Со свои дј-ски сетови ќе се претстават и охридски и струшки дј-и: Regie Rules, Aleksandar и Peppi.

Најавена е и свирка на Backdoor Band.

Jason Falzone, пак ќе го искористи ова свое повторно гостување во Охрид за да се претстави во живо на охридското Супер радио, со денски едночасовен сет, непосредно пре почетокот на забавата на Плажа Оревче.

Забавата е со почеток во 22:00 часот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави