Спорт

Бразилецот Мело како засилување на Интер

Милано, 28. јули 2015 (ОХРИДПРЕС) – Бразилецот Фелипе Мело ќе ги засили редовите Интер.

„Нераѕурите“ за трансферот на Мело се договорија да му платат отштета од три милиони евра на Галатасарај, а во Галатасарај ќе се пресели и Јуто Нагатомо.

Мело веќе има искуство во Серија А, со оглед на тоа што играше за Фиорентина и за Јувентус, пред во 2011 година да се пресели во Истанбул. За време на својата кариера настапуваше и за Фламенго, Крузеиро, Гремио, Мајорка, Сантандер и Алмерија.

Во Интер ова лето пристигнаа и Жофри Кондогбија, Миранда, Џејсон Мурилјо, Мартин Монтоја и Стеван Јоветиќ. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука