Избор Македонија Охрид Хроника

Казнето едно лице во Охрид и 4 во Kичево поради управување моторни возила под дејство на алкохол

Охрид, 25. ноември 2023 (ОХРИДПРЕС) – На 24-ти и 25-ти ноември 2023 година, во периодот од 23:00 до 05:00 часот, на подрачјето на СВР Охрид, извршени се засилени сообраќајни контроли.

– Притоа, полициските службеници затекнале 5 возачи кои, управувале моторни возила под дејство на алкохол (Охрид-01, Кичево-04). Тие, веднаш се исклучени од сообраќај, одземени им се возачките документи и поднесени им се соодветни платни налози, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука