ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Поради обилни снежни врнежи, сообраќајот на патниот правец Кичево-планински превој „Стража“ се одвива отежнато и по една сообраќајна лента

Охрид, 25. ноември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Од СВР Охрид ги известуваат возачите на патничките и други моторни возила дека, сообраќајот на патниот правец Охрид-Кичево (автопат во изградба) се одвива нормално, но со намален интензитет во двете насоки и без застој, додека, на патниот правец Кичево-планински превој „Стража“, сообраќајот, поради обилни снежни врнежи, се одвива отежнато и по една сообраќајна лента.

– На овој патен потег, на сила е забрана за движење на тешки товарни моторни возила. Патните правци Струга-граничен премин „Ќафасан“ и Струга-Дебар, се проодни, нема застој или други ограничувања а интензитетот на патниот сообраќај е умерен. Полициските службеници се на терен и преземаат мерки за безбедно одвивање на сообраќајот посебно на патниот правец Кичево-Стража. СВР Охрид, ги информира возачите на моторни возила дека е потребно, да извршат дислокација на своите возила паркирани на булеварот „Туристичка“ и на другите пофрекфентни сообраќајници во Охрид, со цел да им овозможат на возилата од јавните претпријатија да извршат целосно чистење на коловозите од снежните наноси. Апелираме до возачите на моторни возила, на крајна внимателност при управување со моторните возила по патиштата и почитување на насоките на полициските службеници, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука