Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

АМСМ: Од 16:15 часот патниот правец Гостивар-Стража e целосно затворен за сообраќај

Охрид, 25. ноември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Од 16:15 часот патниот правец Гостивар-Стража e целосно затворен за сообраќај, а од 17:00 часот на патниот правец Превој-Буково, и обратно, поради обилни врнежи на снег воведена е забрана за движење на тешки товарни моторни возила, информираат од АМСМ.

– Од 17:20 часот патниот правец Струга – граничен премин „Ќафасан“ е во прекин за тешки товарни возила. Од 15:20 часот на патниот правец Битола-Ресен, и обратно, кај превој „Ѓавато“, поради обилни врнежи на снег воведена е забрана за движење на тешки товарни моторни возила. Од 16:35 на патниот правец Градско-Прилеп кај превој „Плетвар“ и обратно, поради временските услови има забрана за движење на тешки товарни моторни возила, додаваат од АМСМ и потсетуваат на обврската за задолжително користење на зимска опрема (ланци) од 14:00 часот на патниот правец Тетово-Попова Шапка. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука