Охрид, 27. ноември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Лош ментор, уште полош ученик – тоа е промашената матрица на СДСМ Охрид со која партискиот пулен Лионела Јаковлева се обидува да ја надмине актуелната нивна пратеничка „џелат“ во образованието и синоним за непросветен работник и експерт за блокирање по социјални мрежи и училишни страници, стои во реакцијата испратена до медиумите од ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид.
– Штом веќе Јаковлева споменува партизација, ајде тогаш нека биде чесна и искрена и да погледне во институцијата каде што е партиски вработена и да каже со колку нови партиски вработувања е опкружена вклучувајќи ја и самата неа. Ја охрабруваме Јаковлева да застане пред училиштето „Ванчо Питошески“ кое стана партиски штаб на СДС и да побара одговор кога ќе се заврши реконструкцијата и кога учениците ќе почнат со настава во училница. Дали денеска Јаковлева држеше настава или повторно беше на обука? Како и кога ќе ги надополни денешните часови кога ниту претходните не знаеме дека и се реализирани? Јаковлева нека се фокусира повеќе на добро планирање и изготвување материјали за наставните часови отколку да држи промашени прес-конференции. Очигледно поради партиските пресови нема време да ја заврши педагошката евиденција во е-дневникот како законска обврска. Се ближи крајот на првото полугодие, а родителите и учениците немаат податоци за типот на наставните часови, за одржани дополнителна и додатна настава, нема извештаи од Советите на паралелка, ниту пак од Состаноците со родители. Го повикуваме ДПИ да провери зошто Јаковлева како просветен работник не ги пополнува работните обврски на неделна основа согласно Законот, а има време да клевети и дава лажни изјави!
За жал трпат учениците, трпи наставата, трпат останатите просветни работници со ваквите непрофесионални партиски пулени на СДС. Им порачуваме на СДС Охрид дека работата и вистината го красат човекот, а неработата и лагатата го гнасат, стои во дописот. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес