Избор ОБРАЗОВАНИЕ Охрид ТОП ВЕСТИ

Професорите Попоски и Србиноски од ФТУ Охрид дел од проект за одржливост во осигурителниот бизнис поддржан од страна на Владата на Баварија

Охрид, 28. ноември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Професорите Климе Попоски и Бојан Србиноски, заедно со професорот Мирко Крафт од Универзитетот за применети науки во Кобург беа дел од проект за одржливост во осигурителниот бизнис поддржан од страна на Владата на Баварија, информираат од Факултетот за туризам и угостителство во Охрид.

Во рамките на проектот, професорите имаа еднонеделна посета на Универзитетот за применети науки во Кобург, Германија каде остварија состаноци со претседателот на Асоцијацијата за научни истражувања во осигурувањето во Германија (DWfVW), Волфганг Вејлер, и еден од раководителите на Центарот за регулатива во осигурувањето во Германија, Хелмут Грундл.

– Дополнително, нашите професори одржаа предавања за студентите на универзитетот во Кобург за како осигурителниот бизнис може да придонесе кон одржливиот развој. Конечно, професорите учествуваа на реномираната годишна конференција на Европскиот регулатор за пензии и осигурување (EIOPA) во Франкфурт која претставува уникатно место за размена на мислења за политиките во пензискиот и осигурителниот бизнис во Европа помеѓу регулаторите, супервизорите, осигурителниот бизнис и академијата, потенцираат од ФТУ Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ФТУ Охрид

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука