Избор Хроника

Две лица во охридско пустошеле шуми

Охрид, 31. јули 2015 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 40-годишниот Д.А. од Македонски Брод сопственик и управител на фирмата „Шума проект-2“ увоз-извоз ДООЕЛ Македонски Брод поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.

Со кривична пријава се стекна и 40-годишниот Б.Т. од охридското село Црвена вода поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „пустошење шуми“.

Првопријавениот како лиценциран работник за издавање на одобрение за сеча на приватни шуми не спровел должен надзор за обележување на парцели за кои претходно бил ангажиран од страна на сопственик на четири парцели во селото Арабиново, со што нанел штета на две физички лица во износ од 29.000 денари, а второпријавениот неовластено пресекол шума во сопственост на оштетените физички лица. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави