Избор Охрид

Пожарот што два дена беснееше кај Куратица е ставен под контрола

Охрид, 31.јули 2015 (ОХРИДПРЕС) – Пожарот што беснееше во близина на охридското село Куратица е ставен под контрола, информира Охридската територијална противпожарна единица.

Пламените јазици започнаа да се шират пред два дена кај Прентов Мост на само три километри оддалеченост од Куратица. Со огнот беше зафатена поголема површина ниска вегетација.

Во акцијата за гаснење на пожарот учествуваа екипи на противпожарната единица кои имаа помош и од вработените во шумското стопанство „Галичица“, но и од локалното население.

Се очекува до крајот на денот, пожарот да биде целосно изгаснат.(Крај)

извор:ОхридПрес фото:архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука