Избор Охрид

Охрид ќе ги одбележи двата Илиндена

Охрид, 31.јули 2015 (ОХРИДПРЕС) – По повод Националниот празник 2. Август – Илинден, делегација на Општина Охрид в недела со почеток во 10 часот ќе положи свежо цвеќе пред спомен-обележјето во Градскиот парк во Охрид.

Пред присутните историски осврт за значењето на Илинден и АСНОМ ќе одржи професорот Григор Ангеличин- Жура.

Претставници од општина Охрид во 10:30 часот во селото Плаќе ќе положат цвеќе пред спомен-обележјето на паднатите борци во востанието кај Рашанец во 1903 и НОБ на Македонија а по повод празникот ќе се одржи и историски час. (Крај)

извор:ОхридПрес   фото:архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави