Избор Спорт

Насевска и Василевски најбрзи на Илинденскиот пливачки маратон

Охрид, 2. август 2015 (ОХРИДПРЕС) – Евита Насевска во женска и Никола Василевски во машка конкуренција беа најбрзи на 36-тиот по ред Илинденски пливачки маратон.

– Василевски е член на клубот „Орион“ од Скопје и патеката ја помина за време од 33.13.71, а Насевска доаѓа од клубот „Бета“ во женска конкуренција и таа на целта стигна по 40.15.14 минути. Најдобар охридски пливач беше Никола Рувинов од клубот „Охридски бранови“, информираат организаторите.

Официјални резултати:

Машка конкуренција над 16 години:

1. Никола Василевски („Орион“)

2. Мартин Тодоровски („Бета“)

3. Димитар Димовски („Орион“)

Женска конкуренција над 16 години:

1. Евита Насевска („Бета“)

2. Моника Симјаноска („Граѓанин“)

Машка конкуренција под 16 години:

1. Филип Салтировски („Бета“)

2. Иван Симоновски („Орка“)

3. Димитар Камнаровски

Женска конкуренција под 16 години:

1. Ана Марија Пејчиноска („Делфин“)

2. Марта Челиковска („Орион“)

3. Стефани Тримчевска („Делфин“)

Илинденски пливачки маратон, во организација на пливачкиот клуб „Охридски бранови 2008 – Охрид“, традиционално се пливаше денес на патеката патеката Горица-Охрид во должина од 2,5 км. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука