Концерт на Слаткаристика во Кадмо Beach and Club во Охрид
Охрид, 4. август 2015 (ОХРИДПРЕС) – На барање на публиката и поради големата заинтресираност, македонскиот музичар Марко Маринковиќ – Слаткаристика, во Охрид вечерва ќе одржи уште еден концерт во објектот на Kadmo Beach and Club.
Слаткаристика ќе одржи концертен клупски настап со неговата екипа – Аце Нл, Dj Oky Doky & Дарко Drums. Oвој концерт е дел од големата летна турнеа на Слаткаристика – Energis Tour.
Концертот во Kadmo Beach and Club ќе биде со почеток во 22:00 часот. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука |