Економија Избор Охрид Струга

Отворени денови за поддршка на руралниот развој во Охрид и Струга

Охрид, 7. август 2015 (ОХРИДПРЕС) – Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој идната недела почнува со Отворените денови за граѓаните низ градовите.
Во периодот од 13 август до 13 септември Отворени денови ќе се одржуваат во Струга и Охрид.

Целта е реализирање директни средби со земјоделците и претставниците на бизнис заедницата кои ќе имаат можност да се информираат за поволностите на програмите за финансиска поддршка, да се запознаат со работата на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Платежната агенција, да разговараат за прашања од нивен интерес и за проблеми со кои се соочуваат при аплицирањето, како и да побараат стручна помош.

Отворените денови се и прилика институциите да ги слушнат проблемите на земјдоелците во однос на користењето средства од програмите за земјоделството и руралниот развој. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука