Охрид, 9. јануари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Охридската гимназија останува сѐ уште со раскопан двор непосредно пред почетокот на второто полугодие поради неажурноста на локалната власт и изведувачот на работите фирма сопственост на Нефи Усеини поранешен советник и преседател на огранокот од ДУИ во Охрид. За уредувањето на дворот се трошат 233.271 евра, реагираат од Локалниот огранок на партијата Левица од Охрид.
– Реконструкцијата на гимназијата започна на 29-ти април 2023 година, започнувајќи со оградата која се постави во дворот, за цена од 81.287 евра исто така преку фирмата на Нефи Усеини, до што уште еднаш се докажува скриената коалиција помеѓу ДПМНЕ и ДУИ во Советот на Општина Охрид. После тоа се премина на раскопување на дворот и се поставуваше водоводната и канализационата линија и до ден-денес остана дворот раскопан. Ја повикуваме локалната власт на ДПМНЕ предводена од Кирил Пецаков и неговиот коалициски партнер Нефи Усеини од ДУИ да ги забрзаат активностите за реконструкцијата затоа што раскопаниот двор претставува опасност за учениците и минувачите, стои во реакцијата. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива